Момче извршило полови дејствија врз малолетничка, мајката пријавила во полиција

Кавадарчанка пријавила во полиција дека лице со кое била во љубовна врска извршило полови дејства врз нејзината ќерка, син физички го нападнал татка си со тврди предмети, кавадарчанец агресивно се однесувал и предизвикал пожар во сопствениот стан. Ова се настаните за кои денеска информираа од СВР Велес. 

- Синоќа во 19.30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода кавадарчанецот Г.С.(43), затоа што во семејниот дом, по кратка вербална расправија, физички го нападнал неговиот 69-годишен татко, при што употребил и тврди предмети. Г.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и спроведен во здравствена установа. По документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од СВР Велес. 

Оттаму додадоа дека вчера во 10.30 часот во ОВР-Кавадарци, кавадарчанката Д.Н.Г.(32) пријавила дека на улица „Илинденска“ во градот, била физички нападната од С.Н. од Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Од Секторот за внатрешни работи информираа дека синоќа во 20.00 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле кавадарчанецот И.П.(65), по претходна пријава од негов сосед. Според пријавеното, тој предизвикал пожар во сопствениот стан каде било интервенирано од Територијална против пожарна единица Кавадарци и истиот агресивно се однесувал. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.       

- Синоќа во 21.00 часот во ОВР Кавадарци, 38-годишна кавадарчанка пријавила дека на почетокот на месец март, врз нејзината малолетна ќерка било извршено полово дејствие, од лице со кое била во љубовна врска и кое било полнолетно. За настанот известен бил јавен обвинител и Центарот за социјални работи Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од СВР Велес. 

10.04.2024 - 11:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега