Морачанин: Францускиот предлог не е прифатливо решение

Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин вели дека врз основа на информациите кои ги добила од медиумите, францускиот предлог не е прифатливо решение. Во интервју за Нова, таа вели дека останува на ставот дека отворените прашања со Бугарија треба да ги решаваме билатерално.

Врз основа на информациите од медиумите за т.н. француски предлог, сметам дека тој не е прифатливо решение и не нуди можност за конечно, по 17 години кандидатски статус, започнување на преговорите со ЕУ. Останувам на ставот дека отворените прашања со Бугарија треба билатерално да ги решаваме и тие не треба да бидат причина за блокирање на македонските евроинтеграциски процеси. Секако, македонскиот јазик и идентитет не смее да бидат предмет на преговори. Факт е дека ние ги исполнивме сите услови за почеток на преговорите со ЕУ, што се потврди и со одлуката на Советот за општи работи на ЕУ од март 2020 година - вели Морачанин за Нова.

22.06.2022 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега