Мотоциклист удрил во малолетник во Охрид


Вчера во 18.10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Гоце Делчев“ во Охрид мопед „априлиа“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Е.С.(23) од Охрид, удрил во малолетен пешак од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.

30.03.2024 - 12:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега