Му се слошило кога излегувал од полициска станица: Почина охриѓанец по службен разговор во полиција
Вчера во 16.40 часот во полициската станица Охрид, откако полициски службеници извршиле службен разговор со Ј.А.(75) од Охрид, на излезот од објектот на лицето му се слошило и со Итна медицинска помош бил пренесен во Медицински центар Охрид.
Во 17.20 часот, Ј.А. починал, а лекар констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
24.06.2025 - 13:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа