Муцунски: Измени под бугарски диктат не прифаќаме, решение ќе понудиме кога ќе дојдеме на власт

 

Измени под бугарски диктат не прифакаме, кога ке дојдеме на власт ке го понудиме нашето решение, вели за „Студио 10“ Тимчо Муцунски.

Тој заедно со претседателот Мицкоски и со потпретседателот Николоски е во дводневна посета на Брисел, работна посета, на која како што велат е предвидено да се остварат повеќе средби. 

„Примарна цел е да ги потврдиме позициите на ВМРО-ДПМНЕ кои што се насочени кон заштита на националните интереси и гледањето на евроинтеграцискиот пат низ таа призма, неприфаќањето на уставни промени под овие околности и под бугарски диктат, и нашата оценка дека е потребно македонскиот евроинтеграциски пат да се гледа низ призмата на реалните европски критериуми“, нагласи Муцунски.

28.06.2023 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега