Муцунски: Мицкоски ќе ги бира лицата кои ќе бидат дел од техничката влада

 

На вечерашната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ биле донесени пет клучни одлуки. Првенствено, вечерва било одлучено опозициската партија да биде дел од техничката Влада, а Христијан Мицкоски ќе ги бира имињата од партијата кои ќе седнат во министерските фотелји. 

„Причината поради која ИК донесе ваква одлука е затоа што во Македонија никогаш не било полошо. Македонија се наоѓа во тешка ситуација. Од криминал, преку корупција до партизација, нема нерегуларност која не е направена од страна на власта. Кронизмот во нашето општество е потврден и од нашите меѓународни партнери. СДС и ДУИ кои се промовираат како европски фронт, се на сериозен пат да ја уништат европската перспектива на Македонија. Ковачевски и Ахмети контролираат и вршат влијание и врз судството и врз обвинителството. Институциите се користат како алатки за тендери, а МВР е партнер на криминалот. Со ваква власт Македонија е се подалеку од ЕУ, со институции контролирани од оваа власт нема независност, непристрасност и професионалност“, изјави вечерва актуелниот градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски.

ИК на ВМРО-ДПМНЕ зазема став да се воздржи од гласањето на техничката влада, која под водство на Талат Џафери од ДУИ, немала никаков легитимитет, истата според Муцунски била само коалициски договор помеѓу СДС и ДУИ.

Вечерва биле изгласани Делегатите за Конвенцијата за избор на кандидат за Претседател на Република Македонија. Согласно критериумите преку кои се бираат и застапеноста на структурата на партијата, Делегати на Конвенцијата ќе бидат вкупно 475 лица. Исто така, се комплетирани и составите на нашите Општински изборни штабови.

„ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе Одлука за формирање на Комисија за преговори со актуелните коалициски партнери, но и сите останати политички партии кои ќе пристапуваат и ќе бидат дел од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, дополни Муцунски.

11.01.2024 - 20:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега