Муцунски: Традиционално како и секоја година, дечињата нѐ израдуваа со рачни изработки, новогодишни песни и желби за новата година

Градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски ја посети детската градинка „Буба Мара“ и на својот фејзбук профил напиша дека тие биле израдувани од дечињата со нивните рачни изработки, новогодишни песни и желби за новата година.

- Тие се главната причина која не мотивира неуморно да работиме, за најмладите да креираме повеќе забавни и образовни содржини, а во слух со нивните барања и желби, да изградиме општина во која секој ќе има безгрижно детство и правилен развој, напиша тој.

28.12.2023 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега