Мураками: Не ме загрижува вештачката интелигенција во литературата

 

Јапонскиот писател Харуки Мураками (74) не е загрижен за влегувањето на вештачката интелигенција (АИ) во литературата бидејќи верува дека човековото традиционално и бавно пишување роман е посупериорно од компјутерот.

„Човечката глава е способна да функционира дури и со грешки, но компјутерот не е таков“, вели тој.

„Главата ми е полна со грешки, а јас пишувам со таа глава. Кога компјутерот би имал толку многу грешки, би се распаднал“, изјави Мураками во интервју за шпанската новинска агенција ЕФЕ.

Мураками, глобално најчитан јапонски автор, е свесен дека во денешниот дигитален свет сè повеќе текстови се пишуваат со помош на компјутерска вештачка интелигенција, но тој и понатаму верува во луѓето доследни на бавниот начин на пренесување информации.

Мураками вели дека и самиот се обидел да ги користи социјалните мрежи, но се откажал.

„Се обидов да ги користам, но решив дека не ми влијаат, па сега веќе не ги користам“, вели тој. „На почетокот тие може да помогнат да се создаде демократија, на нов начин, но на крајот бев толку разочаран од нив што целосно се откажав“, додаде тој.

24.10.2023 - 19:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега