Муртезани: ЕУ е многу позаинтересирана за прием на нови членки

 


Видливо е, а особено од почетокот на руската инвазија врз Украина, дека ЕУ е позаинтересирана за прием на нови членки, изјави денеска во Копенхаген министерот за европски прашања Орхан Муртезани пред почетокот на неформалната средба со неговите колеги од 27-те земји членки на ЕУ и државите од Западниот Балкан, Молдавија, Турција и Украина.  

- Европа е многу позаинтересирана, особено со постепената интеграција, за што правиме се што можеме. Она што треба да го направиме сега е да се осигураме дека напорите што ги вложуваме ќе дадат резултат што е можно поскоро. Сметам дека до 2030 година сите земји кандидатки од Западен Балкан можат да бидат членки на ЕУ, додаде Муратезани.  

Според него, денешниот собир во Копенхаген не е само состанок, туку е и порака дека земјите кандидатки за членство не се оставени надвор, туку седат на иста маса со државите членки на ЕУ. 

- Тоа е вистинскиот дух на процесот на проширување, истакна Муртезани. 

Тој нагласи дека мотото на собирот „Од Копенхаген, преку Копенхаген, до Копенхаген“ уште еднаш ја испраќа пораката дека постои само еден патоказ и еден сет критериуми за зачленување во ЕУ - Копенхашките критериуми. 

- Поради неколкуте политички пречки Северна Македонија чека предолго, но ние сме посветени на нашата европска иднина и се обидуваме да ја обезбедиме, додаде Муртезани. 

02.09.2025 - 12:57

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега