Трамп: Го погодивме бродот што превезуваше дрога од Венецуела
Американскиот претседател Доналд Трамп официјално објави дека седиштето на Американските вселенски сили ќе се пресели во Алабама. „Седиштето на Американската вселенска команда ќе се пресели во прекрасно место наречено Хантсвил во Алабама, кое од сега ќе биде познато како ‘Град на ракетите’“, изјави Трамп.
Дополнително, тој соопшти дека американската војска извршила напад врз брод што превезувал дрога од Венецуела, нагласувајќи го успехот на администрацијата откако распореди воени бродови на Карибите во рамки на напорите за запирање на трговијата со наркотици.
„Во последните неколку минути буквално пукавме во брод – брод што превезуваше дрога, многу дрога. Тој брод доаѓаше од Венецуела, и тоа во голема мера. Многу од тоа доаѓа од Венецуела. Значи, ние тоа го отстранивме, а вие ќе го видите тоа по завршувањето на овој состанок“, најави американскиот претседател.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа