МВР: Веќе закажаните за лични документи ќе добијат нови термини во пократок рок

 

Од утре пунктот за фотографирање за лични документи „Пролет“ нема да работи без закажување.

Истиот ќе функционира со 14 базни станици, на кои ќе се врши фотографирање од понеделник до сабота. Од 12.02.2024 ќе се воведе и фотографирање во втора смена.

Од МВР информираат дека трансформацијата се прави со цел да се воведе ред наместо хаос и да се олесни и забрза добивањето на лични документи за жителите на Скопје. Граѓаните кои веќе имаат закажано термин ќе бидат контактирани од економскиот оператор задолжен за тоа и ќе им биде понуден нов термин во многу пократок рок.

Истовремено, оние ослободени термини добиени при прочистувањето на сите списоци ќе останат на располагање за идни резервации.

06.02.2024 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега