На министрите ќе им купиме електрични автомобили

Владата дала насока до Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на јавниот оглас за набавка на службени возила да види дали може одреден процент, од 20, 30, 50 отсто да се вклучат еколошки возила.

Ова го соопшти премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање при пуштање во употреба на спортска сала во основното училиште во Волково.

-Постојано го намалуваме и ќе го намалуваме бројот и дадовме инструкција на објавениот тендер на СОЗР да се види дали може 20, 30, 50 отсто да се вклучат во набавката електрични или еколошки возила, а инструкциите дадени до сите институции се да не набавуваат ако не мораат и да преминат на еколошките транспортни средства. Секако, индивидуално може секој да користи велосипед, електричен тротинет, секако да го користиме јавниот превоз, а онаму каде мора како за инспекторатите, болнички возила да се набавуваат модерни  еколошки возила вклучително електрични каде ќе одиме со 0 проценти царини, данок, па дури и хибридните за да можеме да одиме во духот на заштита на животната средина и секако Владата да биде пример.  изјави премиерот Заев.

Последната набавка на владини возила преку оперативен лизинг беше во 2018 година. Тендерот го доби компанијата Порше лизинг која за речиси 1,8 милиони евра три години изнајмуваше 45 возила Фолсваген Пасат за владините функционери. Според договорот владата месечно плаќаше рата за лизинг од по 49.400 евра за 45-те возила. Или за тригодишно рентање на едно возило с еплатени по околу 40.000 евра, сума која што е приближно иста со продажната во авто-салон.

Електричните автомобили се значително поскапи од традиционалните со мотори со внатрешно согорување. Тоа значи дека трошоците за новата еко авантура ќе бидат и нов удар по буџетот. Наместо мотивација за движење со велоспиеди, пеш и користење на јавниот превоз, нашите министри мораат на секои 3 години да купуваат нови автомобили бидејќи не оди тие да се возат во толку „стари“ возила. 

28.06.2021 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега