На патот Струмица – Штип пронајдени 17 мигранти

 

Синоќа околу 21.00 часот под надвозникот на магистралниот пат Струмица – Штип, кај клучката за Радовиш, од полициски службеници од Полициската станица Радовиш биле пронајдени 17 лица-мигранти, од кои двајца од Пакистан, еден од Сомалија, пет од Иран и девет од Авганистан.

Во близина од надвозникот, покрај патот за Радовиш, било пронајдено и патничко возило „рено лагуна“, со тетовски регистарски ознаки, за кое пронајдените мигранти изјавиле дека биле истоварени од него.

По наредба на Јавен обвинител мигрантите се предадени во Привремениот транзитен центар Винојуг-Гевгелија за понатамошна постапка.

Се работи на расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.06.2020 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа