ЦУК со најнови детали за пожарите: Гори во Гази Баба, Липково, Зелениково и на планината Кожув

 


Центарот за управување со кризи денеска соопшти дека во текот на изминатото деноноќие имало 20 пожари на отворен простор од кои активни остануваат четири и еден е под контрола. 

Активни се пожарите кај селото Виниче во месноста викана Муратица во општина Гази Баба, кај селото Петрово на планината Кожуф, кај селото Никуштак во општина Липково и кај селото Вражале во општина Зелениково. 

Според информациите од ЦУК, под контрола е пожарот кај селото Трубарево во општина Гази Баба.

17.09.2025 - 09:24

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега