ВМРО-ДПМНЕ: Додека Филипче во Свети Николе зборува за единство и слога, во исто време сее зло и лаги за Кочани

 


Додека Венко Филипче во Свети Николе зборува за единство и слога, во исто време прави плакати од Мицкоски, Тошкоски и Јанев испрскани со крв и сее зло и лаги за Кочани, се наведува во  соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„И човекот кој е татко на смртта на неколку десетици илјади починати од ковид кризата, каде тој како прв човек на здравството доживеа фијаско. Нема солза која не ја злоупотреби од родителите на починатите од Кочани и нема приказна која не ја изврте на жртвите од Кочани.

Тие и нивните инсталации и платеници имаат посебно чувство на задоволство кога злоупотребуваат вакви трагедии. И тоа силно го осудуваме.

Ако сака Венко да направи разлика, тогаш нека излезе јавно да се извини и осуди ваквата омраза која тој ја стимулира“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

17.09.2025 - 10:26

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега