Најчевска по изјавата на Дрин Ахмети дека без чичко му немало да постои Македонија: Ова покажува колку се сигурни во позиционирањето на мафијата

 

 

Професорката Мирјана Најчевска ја коментира вчерашната изјава на Дрин Ахмети, кој пред новинарите рече дека чичко му му е мотовација и без него немало да постои Македонија.

Дрин, кој е внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, стана косопственик на ТЦ „Соравија“.

„Ова покажува колку се сигурни во позиционирањето на мафијата во отсуство на какво било почитување на правото, во свеста дека за нив нема никаква одговорност ниту, пак, институција што ќе поставува прашања или ќе истражува. Премиерот е нивен, како и судиите и јавните обвинители, и контролните механизми и министерствата… Ако се има предвид дека сиромаштијата на една држава е правопропорционално со корумпираноста на власта, може да си замислите до каде сме кога знаеме дека сме со најнизок стандард во Европа. И целата таа корумпирана власт е во функција на мафијата регистрирана како политичка партија ДУИ“, рече Најчевска.

Претходно, таа жестоко го нападна премиерот Димитар Ковачевски, кој пред неколку дена прашан за внукот на Ахмети рече: „Ќе прашате во Обвинителството, а мене ќе ме прашате за моите внуци“.

„Ма ти не си само безобразно глуп, ти си арогантно глуп. Граѓаните те прашуваат како премиер за корупцијата направена од страна на министри и функционери кои се одговорни пред тебе. Те прашуваат како премиер, кој наводно ѝ отвори војна на корупцијата, и како премиер, кој е задолжен да спроведува одредена политика, која треба државата да ја внесе во ЕУ. Ич не ни е гајле за твоите внуци, освен ако не се дел од коруптивната мрежа создадена и заштитена од власта. Дај престани да тресеш зелени и однесувај се како премиер ако воопшто имаш интелектуален капацитет да разбереш што е тоа или тргни се од функцијата од која ѝ правиш непоправлива штета на државата. СДСМ како една од најголемите партии треба да се засрми премиер од неговите редови да биде овој лик. И ова воопшто не значи дека на твое место треба да дојде Мицкоски како твој пандан по сите основи. Треба да дојде човек со два грама мозок и два грама принципи и два грама морален интегритет“, додаде Најчевска.

27.06.2023 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега