Најдобра храна за летните денови - го разладува телото, а ги топи и килограмите

Летото е најдоброто годишно време кога може најмногу да уживаме во здрава и свежа храна.

Препорачливо е барем во овој период да се избегнува пржената и мрсна храна.

Црвено, портокалово или жолто овошје и зеленчук

Шаренилото на овошје и зеленчук во чиниите нуди многу хранливи материи кои го штитат организмот од дејството на слободните радикали, го намалуваат воспалението и помагаат за намалување на штетниот холестерол.

во летниот период треба да изобилува со вредни хранливи состојки кои ќе го штитат организмот од штетното зрачење, па така помагаат во превенција на рак на кожата, предвремено стареење и појава на брчки.

Портокаловото, жолтото и црвеното овошје и зеленчук содржат билни пигменти кој ја поттикнуваат пигментацијата, а воедно поседуваат и антиоксидантни својства.

Во текот во летото уживајте во праските, вишните, црешите, дињата, лубеницата, морковите…

Медитеранската исхрана е идеална за летниот период

Одберете риба, пилешко, мисиркино месо. Ќе му угодите на вашиот организам доколку овој период ја практикувате медитеранската исхрана.

Истражувањата ги имаат потврдено здравствените придобивки на оваа исхрана, а свежите зачини кои се користат допринесуваат во превенција на болести.

Умерено конзумирајте вино

Умерената конзумација на црвено вино ги штити крвните садови и мозокот од штетните радикали, но не треба да се претерува.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.07.2020 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега