Наместо свадба, заминаа во смрт - Јована и Филип ги усмрти пијан возач со 2,63 промили алкохол во Србија

 

Во Високиот Суд во Пожаревац минатата недела се одржа рочиште за 30-годишниот А.С. кој под дејство на алкохол со автомобил удри во автомобилот на 25-годишниот Филип Вуколиќ и 23-годишната Јована Цвијовиќ, кои за жал починаа од здобиените повреди, на 18 мај минатата година.

Возачот на автомобилот марка БМВ, под дејство на алкохол и со голема брзина, се заби во автомобилот марка Фиат Пунто, каде бил младиот пар. Тој дента бил на свадба и иако младенците организирале превоз, седнал зад воланот и направил сообраќајка која заврши фатално.

Во крвта имал 2,63 промили алкохол, вели извор за српскиот Курир.

Филип и Јована биле верени, а непосредно пред трагедијата, почнале да живеат заедно. Јована конкурирале за полицаец, но не успаела да отиде на првиот работен ден. 

27.05.2025 - 08:39

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега