Направени 10 куќички за вдомување на уличните кучиња во Скопје

Активистите од групата Урбани уметнички/герила акции изработија 10 куќички за вдомување на уличните кучиња во Скопје, напиша познатиот скопски активист Никола Писарев денеска на Фејсбук во објава со фотографии од весели куќички за кучиња.

- Куќичките се новогодишен подарок за кучињата и за Скопје, напиша тој.

Тие ќе бидат наместени на различни локации во главниот град.

27.12.2023 - 14:27
Фото: 
Фејзбук Никола Писарев

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега