Прв Хакатон за граѓански простор и иновации за земјите од Западен Балкан
Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) го најавува првиот и единствен Хакатон за граѓански простор, кој ќе се одржи во Скопје, на 17 и 18 јуни 2025 година. Една од повеќето цели на хакатонот е да се работи на креирање на идеи со кои ќе се застане на патот на се позачестените закани врз граѓанското општество во Западен Балкан со фокус на дезинформациите, кампањи на клеветење и се поограничените ресурси за одржливост и функционирање на граѓанските организации.
БЦСДН создава можност и креира простор за невладините организации и академските институции од Западен Балкан да пријават свои тимови и да се приклучат на првиот Хакатон за граѓански простор: Иновирај за влијание!
Од БЦСДН велат ,,Сакаме заедно да создадеме моќни решенија за некои од најитите закани со кои се соочува граѓанското општество денес: дезинформациите, кампањите на клеветење и ограничениот пристап до основни ресурси.” Ова е шанса да се состават мешани тимови на активисти, ИТ експерти, правници, комуниколози, дизајнери - и да обмислат можни решенија за поголема отпорност на граѓанското општество на заканите пред кои е исправено.
Наградниот фонд на хакатонот е, 3.500 евра за победничкиот тим и 2.000 евра за второпласираниот тим.
Најдобрата идеја ќе добие финансирање до 50.000 евра за понатамошен развој и апликативност на идејата како и експертско менторство долж целиот процес од искусни ментори во технологија, комуникации, застапување и дигитални иновации. Вашето решение ќе биде претставено низ целиот регион и пошироко преку мрежата и партнерите на БЦСДН.
Два предизвици за кои итно се бараат идеи и одговори:
- Како да се спротивставиме на кампањите за клеветење и дезинформации кои ја еродираат довербата на јавноста во граѓанските организации.
- Како да се спротивставиме на рестриктивните и политизирани практики за финансирање на граѓанските организации кои истовремено ја поткопуваат нивната независност.
Повикот е отворен за сите граѓански организации и академските институции од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија) да формираат интердисциплинарни тимови од 4-6 лица земјаќи ги предвид следните критериуми:
- Водечкиот апликант мора да биде регистрирана граѓанска организација или академска институција од регионот.
- Апликации од индивидуи не се прифаќаат.
- Тимовите мора да бидат формирани од лица со различни профили, и различни вештини - од активизам до технологија, дизајн, право, комуникации или наука.
- Учесниците да бидат посветени и подготвени интензивно да работат пред и за време на настанот.
Учеството на хакатонот е бесплатно, а сите трошоци за учество се покриени од организаторот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа