Нови 200 работни места во Скопје - Повеќе од 1.000 во Штип
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ уште од самиот почеток на мандатот работи на стабилизирање на економијата и реализирање на стратешки инвестиции. Ова го велат денеска од партијата преку соопштение за јавноста.
- Најавена е инвестиција од неколку милиони евра, во индустриската зона во Скопје, којашто ќе овозможи повеќе од 200 работни места, а ќе биде во делот на производство за извоз на бела техника. Се работи и на три инвестиции во зоната на Штип кои ќе донесат повеќе од 1000 нови вработувања. Стратешките цели се исполнуваат преку долгорочни планови што гарантираат одржлив економски развој и социјална стабилност. Средствата се насочуваат кон клучните сектори и се создава можности за раст и развој и отворање на нови работни места. Јавниот долг е намален и процентуално и во апсолутна бројка и ова е најниско ниво во последните пет години. Јавниот долг е намален 36 милиони евра во апсолутен износ или 4,7 отсто во првиот квартал од 2025 година. Државниот долг во првиот квартал од 2025 година е намален за 3,7% во споредба со тој објавен на 31 декември 2024 година. Се зголемува индустриското производство, реализацијата на инвестициите ќе донесе повисок раст и намалување на долгот, велат од ВМРоО-ДПМНЕ.
Додаваат дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ прави постојани напори за унапредување на економијата, зголемување на продуктивноста и подобрување на животниот стандард на граѓаните.
- Владата на ВМРО-ДПМНЕ е посветена на креирање услови за стабилен раст и инклузивна економија за сите граѓани, стои во соопштението на владејачката партија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа