Насила влегол во книжарница и украл пари – приведен малолетник од Скопје

 

Денеска, во 9.55 часот, во Градскиот трговски центар полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода малолетник од Скопје поради сомнение дека на 28.5.2023 во книжарница на подрачјето на Центар со употреба на сила го скршил стаклото, влегол внатре и одзел пари.

Со малолетникот бил извршен разговор во присуство на родител и адвокат за малолетници.

Известен бил јавен обвинител, а по извршениот разговор, малолетникот бил предаден на татко му.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

29.05.2023 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега