Наумовски: Реализиравме три пати повеќе отколку за 12 години претходни - ќе изградиме две градинки во Дексион и Ново Село
Актуелниот и кандидат за нов мандат за градоначалник на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски вели дека во изминатите четири години локалната самоуправа работела вредно и посветено со силна поддршка од централната власт.
Вели дека во Ѓорче биле реализирани три пати повеќе капитални проекти отколку за 12 години претходно.
-Таа динамика мора да продолжи. Никој не смее да ги кочи проектите на општините. Нашата општина се посвети на проблеми кои ние не сме ги создале, туку ги наследивме. Не бегаме од суштинските проблеми и токму затоа тргнавме од најтешкото. Изградба на нови градинки. Изградивме копмлетно нов објект во Волково и доградивме еден објект со три занимални, со што ги прошируваме капацитетите за близу 300 дечиња. Но, тука не застануваме. Темелно и посветено, водејќи се од најгорливата тема за обезбедување место во градинката, изработивме проекти за нови градинки, вели Наумовски.
Најави изградба на две нови градинки во Дексион и Ново Село.
-Со ова се решава деценискиот проблем на ѓорчепетровци. Обезбедуваме дополнителни 300 места за дечињата а истовремено се отвараат и нови работни места за воспитно образовниот и технички кадар. Нашата програма не е само лист испишана хартија, туку проекти кои се проверени разработени и ја чекаат својата реализација. Во изминатите четири години граѓаните видоа како се работи посветено за наше Ѓорче. Токму затоа на 17 октомври направете ја разликата и заокружете 12. 12 за развојно Ѓорче.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа