Неколку населби во Скопје денеска ќе бидат без вода

 

Без вода денеска ќе останат корисниците од неколку улици во општините Аеродром, Карпош, Кисела Вода и Сарај.

Како што информираат од РЦУК во периодот од 08 до 11 часот, без вода ќе бидат корисниците на дел од улица „23 Октомври“ броевите 1А, 111, и 113, во општина Аеродром, во периодот од 09 до 15 часот, корисниците на дел од улица „Бањалучка“, улица „Будимпештанска“, „Женевска“ и „Бојковска“ и улицата „Ристо Равановски“ во непосредна близина на улица „Борка Талески“, во општина Карпош, како и корисниците од улица Ваташа, во Кисела Вода.

Прекинато водоснабдување од 12 до 15 часот, ќе имат и корисниците на улица „Михаил Чеков“, улица „Димо Хаџи Димов“ 177, 179 и 181, улица „Димо Хаџи Димов“ улиците со парни броеви од 134 до 152, Марко Орешковиќ непарни броеви од 59 до 71, општина Кисела Вода и во периодот од 09 до 12 часот, корисниците на дел од село Шишево во општина Сарај.

27.09.2021 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега