Неколку скопски улици утре без вода

Центарот за управување со кризи по известување на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, соопшти дека поради изведување водоводен приклучок на булевар „Кочо Рацин“ бр 3, објактот „Веро Џамбо“ и неколку околни улици во текот на утрешниот ден ќе имаат прекин на водоснабдување.

– Од ЈП „Водовод и Канализација“ добивме известување дека на ден 20.05.2022 година (петок) поради изведување водоводен приклучок Ф 150 милиметри на булевар „Кочо Рацин“  број 3 прекинато водоснабдување ќе има дел од булеварот „Кочо Рацин“, улиците „Светозар Марковиќ“ и „Крушевска Република“ и „Веро Џамбо“, се вели во соопштението.

 

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08.30 часот о ќе трае до завршување на работите.

19.05.2022 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа