„Немаат душа, сакаат гласови, а плати не даваат“: Вработените во ЈСП бараат итна седница на Советот

Вработените на ЈСП продолжуваат да штрајкуваат и бараат итна седница откако Советот на Град Скопје не ги изгласа субвенциите за ЈСП кои прептпријатието ги чека за да ја исплати декемвриската плата.

„Ќе чекаме вонредна седница. Ако нема седница на град Скопје, ќе нема јавен превоз“, порача Миќо Стојановски, претседател на Синдикатот на вработените во ЈСП Скопје.

„Без коментар сме, немаат ни душа , ни срце, ништо немаат тие луѓе внатре. Бараат гласови, а плати не даваат, срам да име, како ќе им објаснат на нивните жени и деца дека не дале субвенции за плата на вработените од ЈСП. Нема да дозволиме овој народ да пати, они нека си се караат мегу себе“, дополнија од синдикатот.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, ги поддржа синдикатите вп барањата за исплата на субвенции на ЈСП за декември. Таа претходно ги повика советниците да ги изгласаат субвенциите за да вработените во ЈСП земат плата.

Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ утрово од 9 часот се повлекоа во двете автобази во Автокоманда и во Ѓорче Петров. Таму од 10:30 часот протестираат и го чекаа исходот од вонредната седница на Советот на Град Скопје на која се расправаше и требаше да се одлучи за исплата на субвенции на ЈСП за декември во износ од 11 милиони евра.

22.01.2024 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега