Несреќа во кичевско: Загина 32-годишен маж, сопатникот со повреди

32-годишник од селото Колибари загина, а уште едно лице е повредено откако вчера попладне излетале од патот со возило „фолксваген туран“.

-Вчера во 13.00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат А2, кај с.Трапчин Дол, кичевско, патничко возило „фолксваген туран“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(32) од с.Колибари, кичевско, излетало од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот А.Б., а сопатникот Л.Џ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција, велат од МВР.

 

 

 

21.05.2024 - 12:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега