Никој не ме тепаше, вели затворениот белоруски новинар Протасевич

Затворениот белоруски новинар Роман Протасевич се појави на прес-конференција во Минск и рече дека се чувствува добро и дека не бил претепан, што опозицијата го опиша како ново појавување во јавноста под присила.

Тој рече дека не бил принуден да соработува со властите и е во добра здравствена состојба откако беше уапсен минатиот месец. Белоруските власти принудија авион на „Рајанер“ да слета во Минск на 23 мај, по што беа уапсени Протасевич, критичар на белорускиот претседател Александар Лукашенко и неговата девојка, анализирааат тамошните медиуми.

„Сè е во ред со мене. Никој не ме тепаше, никој не ме допре “, рече тој. Свесен сум за штетата што и ја направив не само на државата, туку и на земјата. Сакам сега да сторам се што е во моја моќ да ја поправам ситуацијата “, додаде тој.

Протасевич се појави пред камерите неколку пати по апсењето. Тој призна дека планирал да го симне од власт претседателот Александар Лукашенко со организирање „немири“ и се откажал од претходните критики кон долгогодишниот белоруски лидер.

„Ова не е прес-конференција, туку сцена на Кафка или Орвел“, напиша Франак Виајорка, советник на Светлана Тихановскаја опозициски кандидат на претседателските избори минатата година.

Властите претходно соопштија дека Протасевич е екстремист кој поттикнува насилство, пишуваат медиумите.

МАКФАКС

14.06.2021 - 21:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа