Николоски: Ако сакаат и нека ме тужат - Мериот коалицијата работи по нарачка на СДСМ

„Може да ме демантираат, може и да ме тужат ако сакаат, но целокупниот центар за комуникации на СДСМ или како и да официјално се вика, во овој момент е со двајца тројца членови на тој иницијативен одбор и на дневна основа пласираат невистини во јавноста преку социјалните медиуми и изјави во дел од нив, рече сенеска по судењето, во изјава за медиумите Александар Николоски изјави.

- Оваа операција се работи на дневна основа и во овој момент истите тие разработуваат стратегии како на ден или дава да пласираат вакви невистини.Целта е да не се занимава Македонија со тоа што е најбитно во моментов, а тоа е дека сме единствена држава во којашто луѓе умираат затоашто нема вакцини. Да не се занимава Македонија со то ашто во моментот не може соодветна здравствена услуга да добијат дел од граѓаните, па кредити подигаат, продаваат станови или куќи или коло за да одат во приватни болници.Да не се занимава со економското тонење, туку со глупости. Ова е сценарио, кое што е видено во јавноста, истите овие кои сега му слугуваат на Заев во еден друг временски период правеа се во СДСМ кога беше опозиција, да се прави раскол, па се создаваа политички парии, па тоа заврши како што заврши и а сличен начин ќе заврши и ова. Да им порачам, овие од власта да се занимаваат со набавка на вакцини и решавање на економската состојба, а останатите да престанат да му слугуваат на Заев.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2021 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега