Николоски: Денес во Собрание ќе гласаме против уставните измени, НЕ за уцени и негирање

Пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на својот официјален фејсбук профил напиша дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи газење на македонскиот национален идентитет и дека пратениците нема да гласаат за Уставните измени.
„Има денови за историја! Ова е еден од нив!
ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи газење на македонскиот национален идентитет, негирање на македонската историја и култура.
Денес во Собрание ќе гласаме ПРОТИВ уставни измени!
НЕ за уцени и негирања!
Кај оваа генерација на ВМРО-ДПМНЕ УЦЕНИ НЕ ПОМИНУВААТ!
Да ја вратиме гордоста кај народот, ПОПУШТАЊА НЕМА!
Македонци гордо и со крената глава!“- стои во објавата.
25.07.2023 - 10:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа