Николоски: Еве доказ, јавноста нека види во каков распад е СДСМ

За јавноста да има слика во каков распад се СДСМ и како меѓусебе се борат криминалните крила - Денес НЕ се одржа Комисија за надзор на тајната разузнавачка служба АНБ (бивша УБК).
Согласно закон вториот човек во АНБ (Директор за внатрешна контрола) го предлага директорот, а го одобрува комисијата. Во комисијата СДСМ има мнозинство и пратениците на СДСМ ја бојкотираа комисијата.
Значи кадарот на СДСМ Виктор Димовски кој на нивни предлог прво стана директор на АНБ, па иден амбасадор во Париз предлага решение кое решение неговиот СДСМ му го бојкотира, пишува Николовски на социјалните мрежи

Претходно пратнеикот на опозицијата Љупчо Пренџов објави дека комисијата во Собранието не се одржала откако пратениците на СДСМ и ДУИ не се појавиле на неа за да го гласаат сопствениот предлог.

20.09.2022 - 14:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега