Скопјанец ги претепал сопругата и ќерката, полицијата го приведе


Вчера во 12.25 часот, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода Ѓ.Р.(44) од Скопје, затоа што околу 11.00 часот во семејниот дом на подрачје на општина Аеродром во Скопје, по претходна расправија, физички ги нападнал својата 49-годишна сопруга и својата малолетна ќерка, а оштетил и дел од покуќнината.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветна пријава.

22.05.2024 - 15:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега