Николоски: Која е логиката Македонија со пропадната економија да прима бегалци, а нашите граѓани бегаат

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, одговарајќи на новинарско прашање при посета во Гази Баба истакна дека кога бегалците од Авганистан ќе дојдат тука и ќе видат колку се лоши условите во Македонија и пропаднатата економија, ќе побараат да се вратат назад во Авганистан.

„Факт е дека во Авганистан се случува голема хуманитарна трагедија и дека на многу луѓе им треба помош. Но, она што ние го спориме се условите во Македонија, затоа што кога ќе дојдат бегалците во Македонија и кога ќе ги видат нечистите и несредени улици, дупките на улици, пропаднатата економија, кога ќе видат со што се соочува Македонија, веројатно ќе сакаат да се вратат назад во Авганистан, затоа што во моментов е полошо во Македонија отколку во Авганистан“, рече Николоски.

Тој прашува која е логиката Македонија да прима бегалци, кога македонските граѓаните бегаат од државата барајќи подобар живот во Европа.

„Да не заборавиме, Македонија во моментов е извозник на бегалци, затоа што од Македонија кој може бега, секој што може да ја напушти бега, илјадници луѓе емигрираат од Македонија во европските држави. Која е логиката да Македонија прима бегалци во услови кога од Македонија бега секој којшто може да избега“, истакна Николоски.

24.08.2021 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега