Николоски: Совет на Европа директно и јасно посочува дека во Македонија има високо ниво на корупција и криминал

 

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, кажа дека анкетите покажуваат зголемување на бројот на луѓе во Западен Балкан, посебно помеѓу младите, кои се песимисти околу перспективите и пристапувањето во ЕУ.

„Како што Господиниот Папандреу точно истакнува во извештајот - анкетите покажуваат дека се зголемува бројот на луѓе во Западен Балкан, посебно помеѓу младите, кои се песимисти околу перспективите и пристапувањето во ЕУ. Европската визија го губи својот сјај, На тоа место, етно-национализмот повторно се појавува на површина со многу загрижувачки развој. Тоа што и се случува на мојата држава - Македонија е  најдобар пример за ова. Грција беше таа која ставаше вето на отворањето на пристапните преговори со години и потоа од 2020 година тоа е Бугарија, користејќи ја својата позиција како земја членка на ЕУ да ја уценува Македонија, го негира постоењето на Македонска нација, ја негира Македонската култура и историја и тврди дека Македонскиот јазик е дијалект на Бугарскиот јазик. Се ова Македонија е притисната да го прифати за да ги отвори пристапните преговори и да може еден ден да стане земја членка на ЕУ. Правилото на едногласност во процесот на пристапување брутално го злоупотреби Бугарија. Затоа многу млади губат верба и или заминуваат од државата или бараат други алтернативи. Во извештајот е напишано дека Советот на Европа го поздравува отворањето на пристапните преговори со Македонија на 19 јули 2022. Тоа не е точно! Македонија не ги отвори пристапните преговори туку само беше притисната да го промени Уставот според бугарски диктат и услови. Без промена на Уставот нема пристапни преговори. Сите ќе се согласите дека ова е брутална интервенција на суверенитетот и независноста на државата. Не постои ваков втор пример на ниту една друга земја кандидат за ЕУ која се соочила со вакви предуслови, ова не е европска вредност! Понатаму Бугарија го користи истиот провокативен дискурс како и Владимир Путин. Путин вели дека нема украинска нација и јазик, тие се Руси, бугарските политичари велат дека нема македонска нација и јазик, тие се Бугари и ако Македонија сака да напредува кон ЕУ мора да го прифати ова“, вели Николоски.

Николоски го повика Советот на Европа да предложи отворање на пристапните преговори за Македонија без одложувања и нови барања.

„Поради ова го повикувам Советот на Европа во овој извештај да предложи отворање на пристапните преговори за Македонија без понатамошни одложувања и дополнителни барања. Советот на Европа треба да побара од ЕУ да ги почитува своите Копенхашки критериуми. Промената на Уставот на независна држава не треба да е услов за пристапни преговори. Советот на Европа треба да побара од Бугарија да престане да врши притисок за уставни измени во Македонија и да дозволи пристапни преговори. ЕУ треба да ги искористи своите механизми за да го наложи ова. Само со ова ќе се врати довербата и оптимизмот за Европската перспектива. Друго важно прашање е борбата против организираниот криминал и корупција. Го поздравувам директниот акцент во извештајот на овие проблеми. Почитувањето на владеењето на правото и борбата против корупцијата е геостратешко вложување во мирот, стабилноста и демократска безбедност за цела Европа. За жал според извештајот на Транспаренси интернешнл Македонија ја има најкорумпираната Влада во својата историја и барам ЕУ и Советот на Европа да направат притисок за имплементацијата на областите кои што се приоритет, како што се владеење на правото и добро владеење , вклучувајќи ефикасност, независност и верба во судството, борба со корупција и реформи на јавната администрација. Македонија треба да ги почне преговорите за членство во ЕУ затоа што граѓаните на Македонија тоа го заслужуваат, без никакви понатамошни барања и услови од Бугарија како што се промена на Уставот. Само таков пристап може да доведе до добри соседски односи и пријателски односи помеѓу Македонскиот и бугарскиот народ во заедничкото европско семејство“, кажа тој.

11.10.2022 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега