Николоски: Свесни се дека губат, нервозни се и вршат притисок врз медиумите
Се работи за брутално загрозување на демократијата во Македонија. Ваков директен напад врз слободата на новинарството Македонија не памети. Мислам дека извинување е најмалку што може да се очекува, вака потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговори на новинарско прашање околу нападите на Димитар Ковачевски кон медиумите
Тој додаде дека целата јавност треба да треба да има широко отворени очи бидејќи власта е свесна за поразот што ја очекува и ќе се обидува да опструира на секаков начин.
„Ова јасно говори за тенденциите на власта и затоа треба целата јавноста да има широко отворени очи во следниов период. Свесни се дека губат, нервозни се и ќе се обидуваат да го нарушуваат целокупниот демократски процес низ разни форми на притисок како што е овој притисок којшто го прават врз медиумите“, потенцираше Николоски и додаде:
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа