Николоски: Во коалиција со Алијансата можеме да ја бутнеме Владата уште пред локалните избори

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски вели дека има одредена соработка со Алијанса на Албанците, но и со Алтернатива за коалиција на претстојните локални избори.

-Апсолутно се уште е рано да излеземе со  конкретни позиции по однос на локалните избори  но обединување на опозициските партии коишто ќе настапат на локалните избори со цел оваа власт да падне на локалните избори знаете дека имаме одредена соработка и со Алијансата за Албанците и со Алтернатива во рамки на Собранието како и во рамки на фондацијата Конард Аденауер која што припаѓа на нашата сестринска партија ЦДУ од Германија таа соработка ја продолжуваме со следниот период а мислам дека е возможно до локалните избори оваа коалиција да успее и да ја турне оваа власт затоа што многу интензивно разговараме со пратеници од владејачкото мнозинство и кои што очекувам да ни се приклучат во следниот период и оваа коалиција опозициона да прерасне и зашто да не да стане владејачка коалиција до локалните избори, рече Николоски.

Според него, сѐ е отворено а приоритет број еден во моментот е да се турне  владата и за тоа имаат интензивна соработка.

-Се  е отворено значи ќе разговараме во наредниот период приоритет број еден во моментот е да ја турнеме владата и за тоа имаме интензивна соработка. Ние апсолутно бараме постојано парламентарни избори тоа го кажува и претседателот на партијата тоа го кажувам и јас така што нашата ракавица е фрлена за предвремени парламентарни избори, нагласи Николоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2021 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа