Николоски: Зоран Заев од денес е минато, прашање на време е кога ќе се официјализира тоа

 

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вклучувањето во централните вести на Канал 5 ги повика сите граѓани да се приклучат на протестот организиран од партијата кој е под мотото „Сега, за да не е предоцна“.

„Целта е да ставиме крај на националните понижувања и распродажба на се она што е клучно за македонскиот народ. Токму затоа ги повикувам да ни се приклучат сите за да го изразиме незадоволството од ставовитте на Зоран Заев“, рече Николоски.

Според потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски, Заев од денес е минато.

„Кога ќе се понижите вака како Заев, кога ќе го понижите и народот кој го претставувате како што го направи тоа Заев, никој не може да ве почитува. Ова сега што се случува е тоа што Зоран Заев го ветувал на Бугарија. Бугарија го бара ветеното од Заев. Грижејќи се за своите бизниси во земјава, како и во Бугарија, гледаме денес сите што ветувал тој, само да не го повлече народот. Зоран Заев од денес е минато, прашање е само кога тоа ќе се официјализира“, рече Николоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2020 - 18:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега