Николовски: Следната недела ќе го имаме кандидатот за Град Скопје

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски денеска рече дека кандидатот на партијата за градоначаланик на Град Скопје ќе биде познат идната недела.

-Партиските органи ќе заседаваат на почетокот на следната недела и тогаш ќе го докомплетираме составот на оние општини кои не ги објавивме во овие два турнуси, кадешто сѐ уште трае изборот, како и на кандидатот за Град Скопје, рече Николовски.

Тој обвини дека власта не може да собере попишувачи за претстојниот попис бидејќи повиците биле објавувани од општинските комитети на СДСМ. Поради тоа, смета тој, граѓаните кои не се членови на владејачката партија не сакаат да бидат попишувачи.

 

24.08.2021 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега