Членовите на „Унит“ ќе бараат отпис на долговите

680 членови на Здружението на стечајни работници и технолошки вишок „Унит“ ги исполнуваат условите и ќе бараат отпис на долговите и неплатените комуналии. Отпис на долговите нема да бараат само дел одчленовите кои не ги исполнуваат условите бидејќи нивните сопружници имаат приходи, јавува денеска А1Он.

- Најголем дел од нашите членови ќе побараат отпис на долгови направени за комуналии, електрична енергија и радиодифузна такса. Стечајците немаат земено кредити од банките, така што нашите членови немаат  долгови по таа основа, вели за А1Он претседателката на Унит, Лилјана Ѓеорѓиевска.

Од ” Унит” велат дека секој нивен член поединечно ќе поднесува барање за отпис на долговите, но здружението ќе го следи процесот и ќе биде во контакт со надлежните институции.

- Ја поздравуваме оваа мерка, но сепак бараме од Владата да го прифати нашиот предлог-закон, за конечно да се реши нашиот статус и за да може редовно да си ги подмируваме нашите обврски, вели Ѓеорѓиевска за А1Он.

 

 

30.06.2014 - 11:59
Фото: 
А1Он
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега