Кака потпиша за Орландо

Откако вчера се раздели  со Милан, Кака како слободен фудбалер потпиша за Орландо Сити, новиот клуб во МЛС.

„Орландо Сити објави дека потпиша повеќегодишен договор со глобалната фудбалска икона Кака. Ова е уште еден голем историски момент за за клубот кој од 2015 година стартува во МЛС" - стои во соопштението на Орландо.

Кака најпрво ќе биде испратен на шест месечна позајмица во Сао Пауло, а неговите обврски кон Орландо Сити ќе стартуваат од 1. јануари 2015.

01.07.2014 - 17:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега