Металург се засили со Коциќ и Липовина

Металург од вчера се засили со 33 годишниот голман Мирослав Коциќ од Војводина и 21 годишниот десен бек Владан Липовина Ал Џаиш. 
Коциќ има досега настапувано за Дубочица, Планинка, Заечар и Железничар од Ниш. 

Коциќ беше дел и од азиската Лига на шампионите, со тимот на Ал Џаиш. Репрезентативец е на Србија од ноември 2013, кога дебитираше против Чешка. Коциќ доаѓа како замена за Раде Мијатовиќ, кој кариерата ја продолжи во екипата на Чургу од Унгарија. Тој потпиша двегодишен договор со Металург.

Владан Липовина е еден од најталентираните и најперспективни млади ракометари во регионот, на позиција десен бек. Доаѓа од Асобал-лигата каде настапувал за шестопласираната екипа на Сиудад Енкантада, а претходно настапувал во редовите на црногорскиот шампион Ловќен.

Липовина е репрезентативец на Црна Гора, а дебитираше против селекцијата на Германија, на квалификацискиот натпревар за пласман на СП 2015 во Катар. Тој доаѓа на местото на Никола Кеџо, а Металург го одбра меѓу неколкуте понуди од Шпанија, Франција, Полска и Данска. Тој исто така потпиша двегодишен договор со Металург.

02.07.2014 - 14:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега