Судска медицина утврди од што починала жената во скопско Радишани

Причината за смртта на педесет и едногодишната С.Б. од Скопје која синоќа била пронајдена во стан во скопската населба Радишани е природна смрт. Ваквата имформација стигнала од Институтот за судска медицина, со што се отфрлени сите можности и шпекулации за убиство, пишува Вечер.

Несреќата ја пријавил нејзиниот сопруг во Итната медицинска помош, од каде пак веднаш ги информирале службите од полицијата во населбата Радишани дека во станот на улица „Радишанска“ било пријавено дека лицето С.Б. било без знаци на живот. 

-Обдукцискиот наод покажа дека смртта кај С.Б. настапила од природна смртт изјавија од МВР за Вечер, потврдувајќи дека сопругот на сега почината бил задржан во полицска станица, но на информативен разговор.

02.07.2014 - 20:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега