Интер ќе го задржи Мацари уште една година

И покрај лошата сезона во Интер, раководството се согласи да го задржи страгеот Валтер Мацари за најмалку уште една сезона. Педесет и двегодишниот стручњак ќе биде на клупата на Интер и во сезоната 2015/16.

Мацари не го криеше задоволството и изрази благодарност за укажаната доверба од сопственикот на клубот Ерик Тохир.

- Уште еднаш покажа дека верува во мене и во проектот кој го започнавме минатата година. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата и ќе возвратам со добри резултати. Ќе направам се што е во моја моќ да го вратам Интер на местото на кое му припаѓа во Италија и во Европа, изјави Мацари.

03.07.2014 - 09:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега