Аплицирајте за 58 раководни позиции на огласот од Град Скопје

Град Скопје на крајот од минатиот месец објави оглас за високо образован кадар коj има менаџерски и лидерски вештини за да помогнат во подобро раководење на претпријатијата. Заинтересираните до 25-ти јули ќе може да се пријават на огласот.

Огласот на Град Скопје опфаќа ангажирање на лица во администрацијата, директори на културни институции како Зоолошката градина, Детскиот културен центар, Музејот на град Скопје, Младинскиот културен центар и Универзална сала, а во јавните претпријатија во ЈСП, Комунална хигиена, Водовод и канализација, Градски паркинг, Улици и патишта.

-Ги повикувам заинтересираните кои поседуваат менаџерски способности и ги исполнуваат условите, кои се стручни во областите и се високомотивирани со чувство за тимска работа и одговорни за работењето, да конкурираат и да го искажат својот интерес, изјави неодамна градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски

На огласот сите имаат еднакви шанси без разлика на верска, политичка, национална припадност и имотна состојба. 

Доставување на документите ќе се врши исклучиво по електронски пат, а линкот за доставување на истите е skopje.gov.mk/konkursi. Огласот трае до 25 јули годинава.

06.07.2014 - 12:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега