Марихуана, екстази, кокаин - скопјани гаражата си ја претвориле во магацин за дрога

26-годишниот Д.С. и 44-годишниот Г.Ѓ. од Скопје си заработија кривична за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Единицата за недозволена трговија со дрога во заедничка акција со Единицата за прв одговор и интервенција АЛФА, по добиеното сознание дека дека двајцата пријавени во подрумски простории на улицата „Народни Херои“ во скопска Кисела Вода, продаваат и овозможуваат уживање на наркотични и синтетички дроги, превзедоа инатензивни мерки, при што дошле до сознание дека Д.С. во текот на мај годинава од засега непознато лице, набавил поголема количина на марихуана, кокаин и таблети екстази. Така набавената дрога, заедно со Г.Ѓ. ја препакувале за улична продажба и ја чувале во подрумска гаража на улицата „Народни Херои“ сопственост на Г.Ѓ., од каде ја продавале на ужватели, а истотака и им овозможувале уживање на истата.

Во близина на подземната гаража на Г.Ѓ. се забележани повеќе лица како влегуваат и излегуваат од гаражата. Од страна на полициските службеници, во просторот пред гаражата се легитимирани пријавените, како и  седум други лица, кои биле затекнати таму и над сите е извршен личен преглед, а од подот каде биле затекнати се пронајдени седум отпушоци од рачно направени цигари мешавина од марихуана и тутун.

При извршениот преглед кај Д.С. се пронајдени кокаин, 65 таблети екстази со лого „Мајмунче“, марихуана спакувана во четири зипер кесички и една рачно направена цигара мешавина марихуана со тутун.

 

06.07.2014 - 14:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа