Ѓоковиќ го освои Вимблдон!

Новак Ѓоковиќ е победник на неофицијалното Светско тениско првенство, Гренд слем турнирот Вимблдон.

Во меч кој траеше повеќе од 4 часа Ѓоковиќ во финалето го победи Роџер Федерер со 3:2 во сетови.

За Ѓоковиќ, кој по втор пат триумфира на Вимблдон, ова е 7-ми трофеј од Гренд слем турнирите, на кои единствено му недостасува титула од Роланд Гарос, а вкупно 45-ти во кариерата.

Резултатот во меѓусебните дуели на Ѓоковиќ и Федерер сега е 18:17 за Швајцарецот.

07.07.2014 - 09:36
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега