Викторија Бекам прозборе за неверството на Дејвид - еве што кажа

Откако прославиле 15 години од бракот, понежната половина од познатиот пар, Викторија Бекам, изјавила дека таа и Дејвид со годините се' повеќе се сакаат и се почитуваат.

Сопругата на поранешниот фудбалер изјавила дека на Бекс му ги простила неверствата бидејќи верувала во нивната љубов, како и тоа дека ништо не е поважно од семејството.

"Не се чувствувам целосно кога мојот сопруг не е крај мене. Ми дава сигурност, ми дава слобода и затоа не би го менувала за ништо на овој свет", вели 40-годишната Викторија.

Поранешната пејачка на "Spice Girls" и модна дизајнерка додава дека поради 39-годишниот Дејвид се откажала од кариерата, иако тој никогаш не го барал тоа од неа.

"Љубовта не ни стана навика бидејќи Дејвид секој ден знае да ме изненади со романтичен гест. Наутро во кревет ме дочекува со овошје во облик на срце или љубовно писмо", вели Викторија.

Иако поранешната ѕвезда на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед во 2004-тата година ја изневерил со 37-годишната асистентка Ребека Лус и 40-годишната манекенка Сара Марбек, таа му простила и не побарала развод

"Ќе лажам ако кажам дека не ми беше тешко, но ништо не е посвето од семејството. Минав преку тоа и сега се сакаме повеќе од било кога", вели Викторија.

Нивната љубов можеа да ја видат сите кои го следеа тенискиот турнир Вимблдон, каде што не ја криеле својата приврзаност.

07.07.2014 - 17:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега