Се омажи Џесика Симпсон

Славната пејачка и актерка  Џесика Симпсон се омажи за долгогодишниот партнер, пензионираниот играч на американскиот фудбал Ерик Џонсон ранчот Сан Исидро во Санта Барбара, Калифорнија.

Џесика и Ерик се во врска од 2010 година и ги имаат двегодишната ќерка Максвел и едногодишниот син Ејс.

- Преплавени сме со среќа и љубов. Да се каже „да“ пред семејството, пријателите и што е најважно пред нашите деца е најубавиот момент во нашиот живот, изјави двојката за списанието„Пипл“.
На веселбата присуствувале 250 гости, а славењето започнало неколку дена порано со „пробната“ вечера под голем бел шатор.

07.07.2014 - 18:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега