Ешли Кол се пресели во Рома

Италијанската Рома е новиот клуб на англискиот репрезентативец Ешли Кол. Кол, кому му истече договорот со премиер лигашот Челзи, како слободен играч потпиша двегодишен договор со вицепрвакот на Италија.

Трансферот на англискиот дефанзивец екипата на Рома ќе ја чини околу 2,5 милиони евра, бидејќи до летото 2016 година, Кол за својот престој на „Олимпико“ ќе заработува неделна плата од 48.000 евра, пренесуваат англиските медиуми.

Инаку, 33-годишниот Кол во Челзи мина осум сезони откако претходно шест сезони играше во лондонскиот ривал на „Сините“ екипата на Арсенал, а мина и три месеци на позајмица во Кристал Палас. Во дресот на Челзи Кол настапи на 338 натпревар на кои постигна само седум голови, додека за најдобрата репрезентација на Англија тој има одиграно 107 натпревари.

09.07.2014 - 20:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега