Неверојатно: Пет возила се скршија кај Тетово - двајца повредени

Две лица се повредени во сообраќајка која се случила на патот Тетово - Јажинце. Во несреќата учествувале вкупно пет возила - две во движење и три паркирани.

Несреќата се случила денеска околу 11:30 часот во близина на фабриката  „Ренова“ кај Непроштено.

- Во сообраќајката  најпрво се судриле „ БМВ“ со тетовски регистерски таблици  што го управувал М.И (39) од Теарце и „Фиат пунто“, исто така, со тетовски таблици управувано од  Џ.А (51) од Нераште по што удриле во три паркирани возила во близина на местото од сударот. Во несреќата возачите на двете движечки возила се здобиле со телесни повреди, пренесени се и задржани на лекување во тетовската клиничка болница а причинета е и значителна материјална штета, вели за МИА, портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски. 

Полицијата извршшила увид и се работи на откривање на причината за несреќата.

10.07.2014 - 15:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа